Ковачевски и Мицкоски ќе разговараат за уставните измени – средбата е закажана во среда

На покана на премиерот Димитар Ковачевски во среда ќе се одржи средба меѓу Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира Владата.

Средбата е закажана во Клубот на пратеници во 11 часот.

„На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“, се вели во соопштението од Владата.

Advertisements

Според Мицкоски, како што изјави претходно, има две опции за кои би требало да се разговара на средбата – едната е таа што ја застапува владата на премиерот Ковачевски, односно влегување на процесот за уставни измени во Собранието и нејзиниот евентуален успех, а втората опција е што доколку не успеат уставните измени, со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ отворено кажува дека нема да го поддржи овој процес.