Подготвени сме да поддржиме Влада без ДУИ ако опозицијата гласа за уставните измени – Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните мрежи објави дека ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори, ако опозицијата ги поддржи уставните измени.

„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!, порача Османи на Фејсбук..

Овој став на ДУИ доаѓа по денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со Христијан Мицкоски по која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека неговата партија би влегла во широка Влада, само под услов во неа да не биде ДУИ.