ЕУ е во распаѓање, ајде да се свртиме кон „Отворен Балкан“ – Медојевиќ за Република

Македонија е мојата омилена поранешна југословенска Република. Првите лекции за криминалот и корупцијата и шверцот на цигари во почетокот на деведесеттите години ги научив во Скопје, открива црногорскиот пратеник Небојша Медојевиќ во интервју за Република.

Медојевиќ, како што потсетува Република во разговорот, во земјава стана познат по изјавата дека „Македонија нема никогаш да стане членка на ЕУ, иако распроаде се што имаше“.

„Ни Македонија ни Црна Гора не се нови и млади држави. Имаме традиција и континуитет.Важни ни се националните идентитети. Од музика па до култура, па се до музика. Важно е човек да биде Македонец, Црногорец, Србин,Хрват, Бошњак. Важна е припадноста, православна, исламска. Важно е човек во нешто да верува, во бога, во идеја. Европска унија е надминат политички проект, мислам дека таа или ќе исчезне или ќе се реформира во смисла дека нејзините основачи ќе имаат малку поголеми права, а ние од Балканот ќе имаме слободен проток на луѓе и капитал, но нема многу да се прашуваме за одлуките во Брисел.Тоа ќе биде еден вид на втора лига на ЕУ.Затоа ние се залагаме за „Отворен Балкан’ и луѓето слободно да патуваат, тргуваат, прават бизнис, да се образуваат, лечат и полека да ги вратиме тие европски принципи на нашиот Балкан“, вели Медојевиќ.

Advertisements

Тој смета дека „Отворен Балкан“ е добра идеја за сите земји во регионот. Европска унија во овој формат, вели црногорскиот пратеник, не може да функционира, затоа што е недемократска, наметната и вазална спрема некои центри на крупниот капитал и „длабоката држава“.

„Пораката и за Македонците е да се свртат самите кон себе бидејќи немаме поблиски од нас овде. Повторувам, Европска унија е во распаѓање како и секоја бирократска организација која не е демократска, како Советскиот сојуз, како Југославија. Да се свртиме самите кон себе да имаме правни држави, слободни и фер избори, да немаме мафии, криминал и корупција а потоа регионално да се поврзуваме, едни на други да си помагаме.Чесните луѓе да соработуваат онолку колку што соработуваат криминалците и мафијата-советува Медојевиќ за „Република„.

Целото интервју на Република може да го слушнете овде.