Не ја прифаќаме новата предлог-методологија за раст на платите на вработените во јавниот сектор, бидејќи оние работници кои сега земаат минимална плата од 20.200 денари, новото покачување од 6.100 денари ќе го добијат дури во 2028 година и тогаш минималната плата ќе изнесува 26.300 денари, реагираат синдикалците по најавите за новата предлог-методологија за раст на платите во јавниот сектор, која ако биде прифатена, тогаш минималната плата ќе се зголеми 100 евра, ама за пет години, пишува порталот Денар.
„Погледнете што направија функционерите во Македонија, кои преку ноќ си ги зголемија платите за 78 проценти. Тие добија повисока плата за 78 отсто, а ние ќе чекаме 5 години за да добиеме повисока минимална плата за 20 отсто. А никој не ја спомнува и инфлацијата и растот на трошоците за живот, односно дали по 5 години тоа покачување од 20 осто ќе биде навистина покачување или само израмнување?“, велат синдикалците.
Според Владата, платите на вработените во јавниот сектор ќе се кројат преку Законот за плати со кој ќе се утврдат правилата по кои во иднина ќе се уредуваат платите во јавните институции и преку општиот колективен договор.