Само 20 минути пред надојдената Западна Морава да го уништи мостот што ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај одлуката да се запре сообраќајот преку тој мост, се обидел да го премине на другата страна објави српски Курир.
„Не се знае што ги навело Македонците до тој пат, можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, но доколку автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост во моментот кога неговите столбови биле силно еродирани од поројот – тоа би било огромна трагедија, пишуваат српските медиуми.
Мостот на Западна Морава рано утринава пред изливот на надојдената река беше целосно уништен поради обилните врнежи што го зафатија Чачак и околината.
Поплавите се смируваат, но се уште прават големи проблеми.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...
Голем успех и признание за Македонија - Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТ...