Нуркачи сѐ уште трагаат по трите лица што вчера со автомобил паднаа во реката Лепенец, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Потрагата, како што велат од ЦУК, се одвива во исклучително тешки услови бидејќи реката е длабока и многу брза, а со себе носи и предмети кои се опасност за нуркачите.
Според Министерството за внатрешни работи екипи од Одделот за специјални полициски операции трагаат по три лица во реката Лепенец од возилото кое паднало откако автомобил „фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили на патот од Скопје кон граничниот премин „Блаце“.
Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил „бе-ем-ве“ со косовски регистарски таблички, кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец
Едно лице беше извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“.

