Косовската полиција уапси Србин во Лепосавиќ утрово, жителите вознемирени се собираат пред општината

Српските медиуми јавуваат дека утрово во Лепосавиќ е уапсен уште еден Србин додека одел на работа.

Жителите на Лепосавиќ се собираат кај општинската зграда и се видно вознемирени од веста која стигна утрово.

Според косовската полиција „во раните утрински часови е уапсен Србинот У.В., од село во општина Лепосавиќ, осомничен дека е вмешан во напад врз медиуми и новинари“.

Advertisements

„Неговото апсење и придружување во полициска станица е извршено како резултат на интензивни истраги и обезбедување докази дека тој бил вмешан во нападот врз медиумите и новинарите на 16.06.2023 година. Сите понатамошни дејствија ќе бидат преземени во соработка и координација со правосудните органи“, се додава во соопштението.

Претходниот ден Канцеларијата за Косово и Метохија соопшти дека припадници на специјалните единици на косовската полиција претепале две српски деца.

Сè уште се спречува влезот на српска стока во Косово, што е потег што го презеде Приштина по апсењето на тројца припадници на косовската полиција.