Внукот на Али Ахмети го купува бизнис центарот „Соравиа“ до ГТЦ, објави порталот МКД

Комисијата за заштита на конкуренцијата објави дека бизнис-центарот „Соравиа“ се продава на „Тхор индустриес“ и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“.

Порталот „МКД.мк“ пишува дека фирмата „Тхор индустриес“ е во сопственост на Дрин Ахмети, односно внукот на политичарот Али Ахмети.

Дрин Ахмети од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти, а од известувањето на Комисијата за заштита на конкуренцијата може да се забележи дека сите компании, „Тхор индустриес“, подружницата на „Пе-вла-ку“ во Македонија и „Соравиа инвест“ се регистрирани на иста адреса.

Advertisements

МКД.мк“ пишува дека Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“, која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас.