Милионерот Џеј Блум од Лас Вегас одбил поевтини билети за подморницата Титан за него и за неговиот син на судбоносната експедиција затоа што бил загрижен за безбедноста, но шефот на компанијата што ја поседувал подморницата се обидел да го одврати, велејќи дека спуштањето на дното на Атлантикот е „побезбедно од преминувањето улица“.
Џеј Блум сподели пораки на Фејсбук што ги разменил со извршниот директор на Oceangate, Стоктон Раш – сега една од петте жртви на експлозијата на подморницата Титан чиј сигнал беше изгубен во неделата, а вчера беше соопштено дека биле најдени делови од подморницата близу потонатиот брод „Титаник“.
На фаталното патување во подморницата биле британскиот истражувач и милијардер Хамиш Хардинг (58), извршниот директор на „Oceangate“ Стоктон Раш, 73-годишниот француски истражувач Пол Анри Наргелет и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд (48) и неговиот син Сулејман.
Раш, како што може да се види од пораките, понудил билети за Блум по намалена цена од 150.000 долари, што е далеку помалку од стандардната цена од 250.000 долари, пишува „Дејли мејл“.
Блум, поддржувач на демократите сочувствува поради смртта на патниците на подморницата Титан.
„Ја изразив мојата загриженост за безбедноста и Стоктон ми рече:
„Иако постои очигледен ризик, тоа е далеку побезбедно од летање со хеликоптер или дури и нуркање“. Тој беше апсолутно убеден дека е побезбедно од преминувањето на улица. Сигурен сум дека навистина веруваше во тоа што го зборуваше. Но, многу згреши“, напиша Блум на Фејсбук.