(ВИДЕО) Не патувајте во Франција додека траат немирите – Британија и Германија ги предупредија своите граѓани

Многу земји ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Франција поради протестите кои траат со денови. Демонстантите палат автомобили во повеќе градови, упаднаа во продавници, кршеа излози со цигли, се судрија со полицијата, па дури и градоначалник беше нападнат.

Според податоците на француското Министерство за надворешни работи, досегеа се запалени 3.800 автомобили ширум земјата, меѓу кои и бројни полициски возила, а опожарени се и или демолирани и полициски и владини згради. Според Министерството за економија, пак, демолирани и ограбени се околу 250 филијали на банки, 200 продавници за прехранбени и продукти за широка потрошувачка и околиу 10 трговски центри.

Властите информираа дека во јужниот град Марсеј било ограбено оружјето од тамошната полиција, дека има напади врз имотни француски граѓани, како и дека граѓаните се самоорганизираат за заштита на своите мали дуќани од групите хулигани чија главна намера се грабежите.

Advertisements

Досега се приведени над 3.000 лица, од кои многу се малолетници.

17-годишниот Нахел кој беше убиен од полицаец е погребан, а неговото семејство и пријатели за француските медиуми изјавиле дека младиот човек претходно имал неколку пријави за возење без дозвола, но никогаш не бил кривично гонет.

Сцените од Франција кои деновиве го обиколуваат светот кај многумина предизвикаа морници, а сѐ започна во вторникот, кога во автомобилот што го возел, загина Нахел М.

Пријател кој во тој момент бил со него рекол дека е точно дека Нахел возел без дозвола, но дека полицаецот кој ги запрел од почетокот покажувал знаци на гнев.

Наводно во еден момент му рекол на Нахел:

„Не мрдај, ќе ти пукам во глава“. Тоа набрзо се случило, Нахел бил застрелан од непосредна близина, по што практично веднаш починал.

Против полицаецот е покрената истрага, а на улиците започна незапирлив хаос, поради што земјата гори.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на големите градови како Париз и Марсеј, кои беа запалени и ограбени.

Се појавија снимки на кои се гледа како луѓето палат возила и се качуваат по згради со скршени прозорци, додека полицијата жестоко се судри со демонстрантите. Дури 45.000 полицајци се испратени на улиците низ земјата, но тоа не е доволно да запрат немирите.

Немирите предизвикаа паника и кај францускиот претседател Емануел Макрон, кој одржа итен состанок со министрите и се обидува да ги премости поделбите и да ја обедини земјата во неговиот втор мандат.

Неколку земји издадоа предупредувања за оние кои ја посетуваат Франција.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека јавниот превоз, вклучувајќи автобуси и трамваи, ќе биде затворен низ целата земја од 21 часот по локално време.

Во некои градови е воведен ограничен полициски час, додека во Париз беа укинати некои автобуски линии, но метро системот работеше нормално. Железничката станица во Префектурата Нантер е затворена.

Американскиот Стејт департмент издаде безбедносна тревога која ја покрива Франција.

Во меѓувреме, Британија издаде совети за патување во кои ги повикува туристите да ги „надгледуваат медиумите“ и „да избегнуваат области на немири“.

Германските власти исто така ги советуваа своите граѓани „да се информираат за моменталната ситуација и да избегнуваат места на големи немири“.