Здравствениот инспекторат ќе бара одговорност од Кликиката за гинекологија затоа што не побарале психијатар да ја прегледа родилката, која во неделата вечерта скокна од прозор на клиниката, откако роди здраво машко дете, јавува Телма.
Инпекторите, како што јави Телма, констатирале пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, кои не биле реализирани.
„По вонредниот надзор на Клиниката за гинекологија, инспекторатот со решение ќе им наложи на одговорните лица на клиниката да спроведат постапка за утврдување на одговорност од страна на здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор, специјалист по психијатрија. Родилка на 39 години во неделата вечерта скокна од прозор, а претходно два пати по породувањето се пожалила на вознемиреност“, јави Телма.