Рудникот „Иловица“ е уште една бизнис зделка на ДУИ и измеќарите од СДСМ – Христијан Мицкоски

„Ова преставува јасна бизнис зделка на коалиционите партнери. Тука е ДУИ која што веќе и со сопственост влегува во оваа зделка и нормално тука е и помалиот коалиционен партнер, измеќарите од СДСМ коишто коленичат пред наредбите на ДУИ. ДУИ наредува, СДСМ поддржува и исполнува. Отприлика така функционира денеска владата во Македонија и сѐ додека така функционира владата во Македонија, Македонија ќе назадува, вклучително и ова што денеска го кажавте незадоволството на граѓаните во регионот на Струмица и струмичко, општините Босилово, Ново Село пред сѐ каде што се предвидени овие објекти“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека е крајно лицемерно што министер од владата, алудирајќи на министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, која ја донесе одлуката за рудниците, најави дека ќе присуствува на протестот против рудникот во Иловица.

„Замислете какво лицемерие, какви двојни стандарди, Владата носи одлука за спојување, а министерот во таа иста влада вели дека ќе биде денеска заедно со тие луѓе коишто протестираат. Па ако не се согласува со таа одлука може уште истиот ден да поднесе оставка. Зошто не поднесе оставка? Еве денеска нека ја најави својата оставка, нека поднесе оставка и нека замине од политичката сцена ако не се согласува со политиките на Владата“, подвлече Мицкоски и додаде:

Advertisements

„Крајно лицемерие, но уште малку остана, месеци се во прашање. Ќе ја ослободиме Македонија, а потоа она кое што е најважно е интересот на граѓаните и политичари коишто ќе бидат слуги на граѓаните“.