СДСМ тврди дека Груевски е виновен за проблемот со рудникот Иловица

Проблемот со Иловица го создаде токму ДПМНЕ, Владата на Никола Груевски на кого Мицкоски му беше советник, велат од СДСМ.

„Во 2012 и 2013 година се започнати сите постапки за отворање на рудник во Иловица и доделени првите концесии токму од Владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, кога Мицкоски беше негов советник.

Општините Ново Село и Босилово со градоначалници од ДПМНЕ имаат позитивна одлука за рудник.

Advertisements

Дури и во изборната програма ДПМНЕ се фалеше со рудник во Иловица од 2017 година.

Со години СДСМ се обидува да ја исправи неправдата врз граѓаните создадена од ДПМНЕ и заглавена во судски лавиринти.

Државата со години е заплеткана по судски лавиринти токму поради концесиите кои ДПМНЕ ги додели.

Ставот на СДСМ за Иловица е ист како ставот на граѓаните од овој регион и не е променет. СДСМ е на страна на граѓаните и постапката што ја зпаочна СДСМ во 2017 година е јасна.

Ќе се преиспитаат одлуките и нема да се дозволи загрозување на животната средина и постапки против волјата на народот, се вели во соопштението на СДСМ.