(ФОТО) Болниците кубурат со превоз, државата ѝ обебеди комбе на џамијата во Арачиново

Агенцијата за управување со одземен имот обезбедила транспортно возило за услугите на џамијата во Арачиново во услови кога градинките, болниците, па и некои училишта во земјава мака мачат да организираат превоз за најмладите и за пациентите.

Директорот на агенцијата Дритон Небиу на Фејсбук објави дека е почната процедурата за оваа донација.

„Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана. Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука! “, објави директорот на агенцијата, Дритон Небиу на Фејсбук.

Advertisements