За прв пат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје, информира Министерството за здравство.
„Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања. Уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина. Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники“, велат од Министерството за здравство и на пациентите кои добија органи им посакуваат брзо опоравување додавајќи дека се горди на успесите во македонското здравство.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„Нашите црвени линии ги дефиниравме, не се поместуваме ниту милиметар“ - Мицкоски за устав...
Парите на граѓаните се делат зад затворени врати - Бојковски бара и советниците да ја крој...
ВИДЕО „Голем ризик е спојувањето на безбедносните структури“ - Филипче се сретна со Сиљано...
Левица бара кривична одговорност за инспектор кој замижува пред дивоградба среде чаршијата...
„Владата на СДСМ даваше кредити со камата од 1,6 отсто“ - Филипче негира дека унгарскиот к...