Најчевска: Пензионерите треба да преживуваат, а никој не кажа зошто функционерите си покачуваат плати!

Професорката Мирајна Најчевска на Фејсбук реагира откако претставници на власта и економски експерти објаснија зошто не можат да се реализираат барањата на пензионерите за зголемување на пензиите со кои едвај врзуваат крај со крај.

Професорката забележува дека многумина се огласија да појасната зошто пензионерите не може да добијат повисоки пензии, но никој не даде објаснување зошто функционерските плати се зголемија за скоро 80 проценти, а притоа и ги кријат платите, дополнително што има високи профити во земјава…

„Одеднаш се појавија 100 објаснувања зошто пензионерите треба да преживуваат наместо да живеат, ама не се појави ниту едно објаснување зошто функционерите си покачуваат плати, банките вадат екстра профит, пратениците се расфрлаат со патни трошоци, се плаќаат казнени пенали за изградени и неизградени патишта и објекти… – напиша Најчевска на Фејсбук.

Advertisements