На Македонија не смее да ѝ се повтори 2017, мора да стави крај на трговијата со пратеници!

Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи побара поддршка за пратениците кои, како што вели, застанаа на браникот на македонското достоинство.

Ова нејзина порака е во пресрет на посетата на високиот дипломат на САД Габриел Ескобар кој се очекува да има разговори со претседателот на државата Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„На МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА И СЕ ПОВТОРИ 2017-18 г. МАКЕДОНИЈА ќе биде европска држава кога ќе стави крај на безобразната политичка трговија со пратеници! МАКЕДОНИЈА има достоинствен народ кој единствено што бара е да живее во нормална држава каде националното достоинство не е на продажба! МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ! ПОДДРШКА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ЗАСТАНАА НА БРАНИКОТ НА МАКЕДОНСКОТО ДОСТОИНСТВО!“, порача професорката Каракамишева.

Advertisements