Ескобар: Нема никого да подложувам на тортура, на Америка и требате внатре во Европа

„Задоволство ми е да бидам тука, ги почитувам луѓето во С Македонија, вие сте вистински пријател на САД, изјави помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар кој како што рече со премиерот Димитар Ковачевски имал билатерални разговори за интеграцијата во ЕУ, регионалната и европската безбедност.

„При секој чекор во некој предизвик, американски предизвик, сметавме на С Македонија и сакаме С Македонија да смета на нас во справувањето со сопствените предизвици. Партнерството што го искусивме, нивото на поддршка во заштитата на вредностите и проширувањето на демократијата, Северна Македонија беше тука крај нас. Како резултата на тоа – типот на партнерство што го имаме во Европа, би сакале да го видиме и во ЕУ. Ние сме најентузијастичките поддржувачи на тоа вие, кои веќе сте во трансатлантската заедница, да станете формални членки од секој дел на таа заедница, а тоа ја подразбира и ЕУ. Во смисла на ЕУ-проширувањето отсекогаш велев дека Западен Балкан се делот од Европа кој сега најмногу ветува – економски најбрзо расте. Значи, на Европа и требате, на Америка и требате внатре во Европа и затоа се надеваме, како ваш најблизок стратешки партнер и близок пријател, како некој кој имал директна корист од тоа партнерство, дека и вие ќе имате корист од нашето партнерство со правењето тешки избори за посветла иднина“, изјави Ескобар.

На новинарско прашање, што ќе му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ескобар одговори:

Advertisements

„Нема никого да го подложувам на тортура овде. Сакам јасно да кажам дека САД не избираат влади на земји членки на НАТО, но поставуваме очекувања и работата за која ќе разговарам ќе биде да ја пратам истата порака која ја изнесував и во регионот – дека САД, како природни партнери, ги гледаат оние што се посветени на европска интеграција, на НАТО и се посветени на борбата против корупција и тоа сакам да биде јасно. Но, исто така, сакам да слушнам да имаме многу отворена размена на мислења и очекувам да имаме повеќе по состанокот“, вели Ескобар.