Во тешка сообраќајка загина миленикот на Хрватите Давор Андрочец, четири деца останаа без татко

Давор Андрочец од Стара Градишка, ѕвездата од хрватските реални шоуа „Супер пар“ и „Вечера за 5 на селу“, загина во сообраќајна несреќа на 52-годишна возраст. Несреќата, како што јавуваат хрватските медиуми, се случила во Босна и Херцеговина.

Зад себе ја остави сопругата Мери, четири деца и два внука. Тој беше страстен моторџија кој се радуваше на секоја средба со мотоциклистите, бранител во пензија и борбен учесник во телевизиските емисии.

Давор ја освои публиката во регионот со својата позитивна енергија. Поради тешките животни околности, отсекогаш бил позрел од своите врсници, а за ова зборуваше во едно интервју.

Advertisements

„Имав тешко детство. Татко ми загина на мотор кога имав само шест месеци, останавме јас и мојот постар брат. Поради сплет на околности, и нашата мајка замина, па грижата за мене и брат ми ја презеде бабата на мојот покоен татко, на која сум ѝ неизмерно благодарен, бидејќи успеа од нас да направи вистински луѓе“, раскажа своевремено Давор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Superpar (@superpar_rtl)