Се изјаснил дека е Албанец за да се вработи како инспектор во Агенцијата за цивилно воздухопловство, Тунтев само потпишал

ТВ Алсат објави  нов случај на злоупотреба на етничката припадност. Според телевизијата заради високата плата и работното место советник-инспектор за летачко работење во воздушниот сообраќај во Агенцијата за цивилно воздухопловство, извесен Сашо Новковски се изјаснил дека е Албанец и на 14 септември 2023 година е примен на таа позиција.

„Етничкото балансирање како критериум при вработување во државната администрација и јавните институции врз основа на правична и соодветна застапеност и понатаму е нефункционално. И досега имаше случаи кога граѓани од други етнички заедници се вработувале на места предвидени за Албанци со едноставно изјаснување дека се чувствуваат за Албанци. За високата плата во Агенцијата за цивилно воздухопловство дури и извесен Сашо Новковски се изјаснил за Албанец. На 14 септември годинава станал советник-инспектор за летачко работење во воздушниот сообраќај“, наведува ТВ Алсат.

Агенцијата за цивилно воздухопловство за ТВ Алсат објаснува дека врз основа на резултатите од сите фази на селекцијата Комисијата за избор изготвила конечна листа на кандидати и ја доставила до директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев, кој ја потпишал.

Advertisements

Незадоволните кандидати имаат рок од 8 дена да се жалат на оваа одлука, а Тунтев молчи.