Павловска Данева: Државните служби да не се мајтапат со проблемите на граѓаните!

Професорката Ана Павловска Данева реагира затоа што Министерството за труд и социјална политика одбило барање за финансиска помош, на родители на осум деца со атипичен развој.

„Министерството за труд и социјална политика ги тера родителите на осум деца со атипичен развој чии барања за финансиска помош се одбиени заради некомплетна документацијата да поднесат жалби!?

Зошто? Кому? Што ќе добијат со жалбите? Како МТСП однапред им гарантира дека жалбите ќе бидат усвоени? Во кој закон го пишува ова?

Advertisements

Ако навистина им недостигал документ, МТСП требало веднаш да ги повика родителите да ја комплетираат документацијата и да го усвои секое од осумте барања што ќе било дополнето.

Време е државните служби да престанат да се мајтапат со проблемите на граѓаните, нивна работа е да бидат наш сервис и да ги толкуваат законите во најдобар интерес на граѓаните, особено на ранливите.

Се додека ова секому не стане јасно, бесцелно е да се дебатира зошто луѓето (и млади, и стари) се исселуваат од Македонија!“, напиша професорката на Фејсбук.