Деветмина Македонци од Тел Авив се вратија дома, се проценува дека има околу 200 наши државјани во Израел

Министерството за надворешни работи информира дека деветмината туристи од Велес кои се затекнаа во Тел Авив за време на нападите од Хамас врз Израел безбедно се вратени во Македонија.

Тие вчера биле прифатени на специјалниот лет на Владата на Албанија до Тирана, по што од таму продолжиле кон земјава.

Според проценки на кризниот штаб, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, кои МНР очекува да се пријават, или да бидат пријавени од нивните блиски во контакт центрите.

МНР претходно повика нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје.

Advertisements

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.