Долготрајните прехранбени производи како чајот, оризот или медот повеќе не треба да имаат рок на трајност, смета германскиот министер за земјоделство Чем Ездемир, пренесува Дојче Веле.
Тоа треба да придонесе, за помалку да се фрла храна, изјави политичарот на Партијата на Зелените во понеделникот, пред состанокот со своите колеги од ЕУ во Луксембург.
„Потребна ни е обврзувачка листа на исклучоци за одредени трајни производи“, рече Ездемир.
Според министерот, „целосно е бесмислено“ за долготрајни производи како чајот, оризот или медот да постои рок на трајност.
Ездемир смета дека за решението на овој проблем одговорна е Европската комисија која треба да предложи регулатива на ниво на Европската унија.
Според статистиката на ЕУ, во Унијата годишно се фрла околу 59 милиони тони храна, или околу 130 килограми по човек.