Загинаа тројца, еден е ранет во пресметка на мигранти, пукотници се слушале до Суботица

Три лица загинаа, а едно е рането во судир меѓу мигранти на српско-унгарската граница. Но, во страв не се само жителите на Хоргош, туку и на Суботица бидејќи и во тој град се слушале истрели.

Според жителите на Суботица, пукањето траело околу 25 минути, а звуците станувале се погласни, како вооружени мигранти да се приближуваат до градот. Посочуваат дека пукотницата се слушнала во близина на куќите.

Мештаните во раните утрински часови ги слушнале сирените на голем број полициски возила и виделе како амбулантни возила се упатуваат кон местото на убиството.

Advertisements

Инаку, во напуштените објекти на некогашниот земјоделски имот „Бачка“ во атарот на Хоргош биле пронајдени тела на тројца мигранти, а еден е ранет.

Убиствотата и ранувањето се случиле во конфликт меѓу две групи мигранти.

Силни полициски сили се на терен во потрага по сторителите, а информирано е и Вишото јавно обвинителство во Суботица.