Политичката позадина на Фатмир Битиќи може да биде причина тој да биде разрешен од арбитражното тело на Светската Банка. Ова за ТВ Алфа го изјавил црногорскиот адвокат и член на ова тело, Александар Ѓуришиќ.
Според него секој член мора да биде независен кога е во прашање политичката функција.
-Согласно со Резолуцијата членовите мораат да бидат независни. Независни од Владата, односно државата и пред се партијата. Независноста е и основ за престанок на мандатот. Се тоа стои во Резолуцијата за престанок на мандатот која е усвоена од 170 земји, изјави Ѓуришиќ за Алфа.
Ѓуришиќ, пренесува Алфа, вели дека поради судирот на интереси, доколку одреден бизнисмен одлучи да ја тужи македонската Влада пред ова арбитражно тело, Битиќи не би бил во можност да одлучува во овој спор.
–Значи имајќи ја предвид резолуцијата, поради бараната независоност, покрај другото арбитерот не може да ја застапува својата држава, ниту инвеститорот кој е во спор со неговата Влада, бидејќи не би имало гаранции дека би бил објективен. Дневницата е 3.000 долари, плус надокнада за трошоци, вели Ѓуришиќ.
Целиот текст на Алфа може да го прочитате на овој линк.