Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Скопје, прво ќе се сретне со Пендаровски

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која попладнево пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје.

Се очекува вечерва Фон дер Лајен да има средба со шефот на државата Стево Пендаровски.

„Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од каде ја започнува турнејата низ Западен Балкан. Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес. Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скрининг процесот и пред објавата на годишниот Извештај за напредокот за 2023 година. На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ“, информира на Фејсбук вицепремиерот Маричиќ.

Advertisements