Уставните измени на маса во Владата – Урсула фон дер Лајен на средба со Ковачевски

Како што Северна Македонија напредува во реформите, така го трасира својот пат кон ЕУ, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на платформата Икс по вечерашната средба со шефот на државата Стево Пендаровски.

На средбата меѓу другото се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија и тековните состојби во регионот.

Денеска ќе се сретне со премиерот Ковачевски, а средба со опозицискиот лидер Мицкоски не е предвидена.

Advertisements

Но иако не е предвиено да се сретнат, лидерот на опозицијата, Хрстијан Мицкоски ѝ го испорача на Фон дер Лајен своето очекување од нејзината посета, со забелешка дека очекува тоа да биде пријатно изненадување.

На денешната средба во владата Фон дер Лајен на дневен ред за разговори ги има и уставните измени, потврди вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.