Македонците се наши браќа, така што тоа се подразбира, што и да бараат, секогаш ќе им излеземе во пресрет – изјави Вучиќ на српската комерцијална телевизија Прва.
Оваа изјава српскиот претседател ја даде зборувајќи за извлекувањето на македонските државјани од Израел со авион на „Ер Србија“.
Вучиќ, речиси секогаш кога ќе се спомене нашата земја во своите изјави го поздравува пријателството меѓу двете земји и потенцира дека Србија и Македонија веќе немаат отворени прашања.
„Веќе немаме никакви отворени прашања. Ние Србите ги сакаме Македонците, ја сакаме Северна Македонија. Ништо не бараме и ништо не ни е потребно, освен уште повеќе и подобро да соработуваме. Ги немаме ние тие ситни пречки „кој што кому пред или внатре му кажал, му покажал или не“, изјави Вучиќ неодамна.
Вучић:Македонци су наша браћа!
???? pic.twitter.com/lyYaAW83gi— Miroslav Tričković (@trichko) October 29, 2023