Јавното претпријатие „Лајка“ на социјалните мрежи сподели една свирепа и страшна приказна за животот на едно куче, а воедно и реалноста за сопственичките кучиња како завршуваат кога своите сопственици не сакаат повеќе да се грижат за нив.
Тие велат дека по пријава од граѓани за куче кое веќе подолго време е на јавен простор, напуштено, без сосптвеник, било заловено од нивните екипи на 18.10.2023 година во општина Аеродром.
„По стандарна проверка се воспостави дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден на 19.10.2023 кучето беше превземено од неговиот сопственик, кој си плати за заловување на кучето, согласно правилникот за работа на ЈП Лајка“, велат од „Лајка“ чија вознемирувачка приказна ја пренесуваме во продолжение:
Овој пат кучето останува со нас до негово вдомување, случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство, а и ќе биде покренета кривична постапка согласно член 233 од кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче.
Кучето не е во најдобра здравствена состојба, се надеваме дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде објавено за вдомување“, велат од ЈП „Лајка“.