„Голем срам за македонското новинарство, уште да истепаат некој гостин“ – Георгиевски за скандалот во дебатна емисија

Канал 5 Тв поставува нови стандарди во македонското новинарство. Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат, вели во својата реакција поранешниот премиер Љубчо Георгиевски по вчерашниот скандал во емисијата „Само вистина“ кога гостинот Исмет Рамадани беше избркан од студиото по дирекно вклучување на директорот на телевизијата Иван Мирчевски.

„Ваков примитивизам во 30 години демократија немаме видено, а мислам дека и во светското новинарство нема ваков преседан. На ваква агресија уште пак и аплаузи да не се замерат со Канал 5. ГОЛЕМ срам за македонското новинарство“, реагира Георгиевски.