Почина жена на концерт на нашата Калиопи во Белград

Пејачката Калиопи вечерва требаше да одржи концерт во салата на МТС во Белград, но на самиот почеток на вечерта се случила голема трагедија, јавуваат српските медиуми.

На една жена од публиката ѝ се слошило на почетокот на концертот, починала во концертната сала. Брзата помош веднаш реагирала и направила обид за реанимација, но, за жал, жената не можела да се спаси.

На жената, која на концертот дошла во придружба на нејзината ќерка и пријатели ѝ се слошило непосредно пред почетокот на концертот, по што била повикана Брза помош.

Advertisements

Салата била испразнета за да и помогнат лекарите на жената, наводно била извршена реанимација, но за жал таа починала. Медиумите пренесуваат дека пејачката тешко ја прифатила веста за трагедијата и дека била однесена во полициска станица за да даде изјава во полиција.

Очевидци пријавиле дека пејачката била во солзи и дека веднаш по веста за смртта на жената била со нејзината ќерка.