На оперската сцена на МНТ дебитирала со улогата на Ненси во операта „Алберт Херинг“, а официјално се вработува во 1972 година. Во текот на 70-тите години, Анастазија Низамова го презема речиси целиот мецосопрански фах, суверено интерпретирајќи повеќе од 20 главни и споредни улоги од својот фах, во кои манифестира извонредни гласовни квалитети и префинето чувство за артизам.
Од позначајните улоги, се издвојуваат Кармен во истоимената опера, Амнерис во „Аида“, Мадалена во „Риголето“, Адалџиза во „Норма“, Орфеј во „Орфеј и Евридика“, Розина во „Севилскиот бербер“, Улрика во „Бал под маски“, Еболи во „Дон Карлос“, Лола во „Кавалерија Рустикана“, Ирена во „Цар Самоил“, Чипра во ,,Баронот циганин” и многу други.