Ваквата реакција следува откако во предлог-државниот буџет за 2024 година, кој помина на Влада, не предвидувал никакво покачување на плати за вработените, кои бараат зголемување од 7.500 до 10.000 денари.
Во споредба со останатите институции, со која Фондот за здравствено осигурување, има сродна или иста дејност, вработените во Фондот за здравство, имаат од 120 до 150 евра, пониска плата за исто работно место на исто ниво.
Од УПОЗ тврдат дека половина година се воделе безуспешни преговори со раководството на Фондот за здравствено осигурување, за сите вработени да добијат 15 отсто зголемување на плата, за да се доближат до просекот од јавното здравство. Зголемувањето било само 2,5 отсто.