Столтенберг им порача на пратениците да работат како што работеле за членството во НАТО

Генераллниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред пратениците во Собранието порача дека сите политички партии имаат одговорност да работат заедно и да ја движат државата напред.

„Ве охрабрувам да сте постојани како што работевте за членство на Алијансата, така да го комплетирате вашето патешествие кон членството на ЕУ, рече Столтенберг.

Првиот човек на НАТО потсети дека членството во Алијансата е добро за нашата земја, но и добро за самата Алијанса.

Advertisements

Тој во својот говор, прв откако земјава е членка на НАТО, порача дека суштинската меѓа кон членството кон ЕУ, е членството во НАТО и дека мирот и стабилноста се предуслов и за економскиот напредок, но и за развојот на демократијата.

„Патот до членството во НАТО беше долг и полн со предизвици. Вашата држава се одлучи да биде дел од НАТО пред 30 години. Ваквото патешествие бараше истрајност, одлучност и посветеност на реформи. Со политичка храброст и визија успеавте да постигнете историски компромис со Грција. Преспанскиот договор го овозможи членството во НАТО. Истиот договор придонесе и во добрососедските односи за посветла иднина на народот на Северна Македонија. Во март 2020 година, конечно ја постигнавте вашата амбиција и станавте полнправна членка на НАТО“, додаде Столтенберг.

Тој вели дека сите политички партии имаат одговорност да работат заедно и да ја движат државата напред. Столтенберг потсети дека членството во НАТО е добро за нашата земја, но и добро за самата Алијанса.

„Вашите вооружени сили активно придонесуваат за мирот и безбедноста , придонесуваат во различни мисии, како во рамките во Алијансата, со тоа што неодамна ни овозможивте да ги пренесеме нашите сили до Косово, да придонесеме за стабилноста“, рече Столтенберг.