Пожарот кој денеска избувна во Фабриката за бои и лакови ,,Еуроком” кај селото Фалише Тетовско претставува ризик за здравјето на населението, во воздухот има опасни штетни материи, поради што се препорачува населението во радиус од два километри да не излегува надвор без потреба, изјави д- р Ратко Давидовски, јавува ТВ 24.
Пожарот изби денеска околу 10.30 часот, а први на местото пристигнале пожарникарите од Тетово и претставници од Центарот за управување со кризи (ЦУК), но кога го виделе обемот на пожарот веднаш повикале помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар и Куманово.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов нагласува дека поради високата температура постои опасност да се сруши и целата зграда и ѕидовите.
Командирот на тетовската пожарна Авни Амети информираше дека спречено е пожарот да се прошири на друг објект во близината на магацинот, огнот е веќе ставен под контрола.