(ВИДЕО) Германски европратеник побара Џамбаски да биде исфрлен оти Македонците ги нарече фашисти

Европратеникот Reinhard Bütikofer и лидер на германската Зелена партија кој е голем пријател и поддржувач на Македонија денеска бурно реагираше во Европскиот парламент на говорот на омраза од страна на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој предизвика револт затоа што настапот на македонските парламентарци присутни во Стразбур го нарече фашизам.

„Тоа е вистински фашизам“, рече Џамбаски, на што веднаш реагираше германскиот европратеник кој побара Џамбаски да биде исфрлен од средбата поради ваквиот говор на омраза.

Претходно на седницата на мешовитиот парламентарен комитет во Европскиот парламент пратеничката Жаклина Пешевска и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ побара да се признае македонското малцинство во Бугарија, а на националистот Ангел Џамбаски му порача Бугарија да го почитува правото на самоопределување и да го прифати историскиот факт дека постои Република Македонија со горд македонски народ, кој зборува на македонски јазик.

Advertisements