Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и петмина поранешни директори имаат политичка одговорност за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, утврди собраниската Анкетна комисија.
Откако претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи ги претстави овие заклучоци реагираа пратениците членови на СДСМ и ДУИ, кои истакнаа дека не се согласуваат, затоа што се наведуваат поименично личности, а потоа побараат разрешување на Мизрахи.
Одговорноста на посочените функционери според Комисијата е поради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи.
Освен Филипче, кој беше министер за здравство во периодот од декември 2017 до јануари 2022 година Комисијата предлага за одговорни да бидат прогласени и д-р Нино Васев, медицински директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од јуни 2017 година до ноември 2022 година, Нехат Нухи, организационен директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од 2021 до април 2023 година, д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 2017 до август 2022 година, Стево Крстевски, директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од ноември 2020 до април 2022 година, Фатон Ахмети, втор директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од октомври 2020 година август 2023 година.
Според Комисијата, клучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а извештајот уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и на директорите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
И токму врз основ на доставениот извештај на ДЗР за 2021 година, како и матерјалите доставени од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а по барање на Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, како и исказите на сведоците и експертите кои дадоа искази пред Анкетната комисија, а во врска со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, по пат на дедукција се утврди дека Венко Филипче, како тогашен министер за здравство во критичниот период на кој се однесува и извештајот на ДЗР, не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член226-и и член 295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 76 и член 77 (2 и
„Не е постапено соодветно на член 4 (1), член 13 (1, 2, 4) и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не постапил согласно членот 59“, се вели во заклучокот на Комисијата.
Д-р Нино Васев, вели Комисијата, како тогашен медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно законските одреби предвидени во Законот за здравствена заштита, и тоа поточно: член 37, член 92-в, член 92-г, член 105, член 110, член 112, член 226-и, член 235 и член 237.
„Исто така не постапил согласно членот 9 од Законот за здравственото осигурување. Како директор не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33“, се наведува во заклучокот.
Потоа д-р Нехат Нухи, тогашен организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 92-г, 92-в, член 105 и член 110. Посочениот организациски директор во предметниот период не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. Дополнително не ги применил важечките одредби од Законот за сметководство на буџети и буџетските корисници, и тоа: член 2, член 6 (2), член 7 и член 12.
„По однос на Законот за Здравственото осигурување не е постапено согласно член 9. По однос на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола не постапил во согласност со членот 7, додека од Законот за буџети не се соодветно применети членот 3 (2)т.8, членот 7 (2). Исто така не постапил согласно Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 4, член 5 (1, 2), член 6 (1, 2), член 39 (1), член 75 (1, 2) и член 77 (2, 5). Во негова надлежност е и непостапувањето согласно Законот за финансиска дисциплина, конкретно на членот 6 (1). Од Законот за донации и спонзорства не е постапено согласно член 3 (1)“, се наведува во Заклучокот на Комисијата на кој реагираа членовите од СДСМ.
Д-р Ирена Сотирова Бухова, како тогашен директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, нецелосно ги применила важечките одредби од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно на членот 300. По однос на Законот за санитарната и здравствената инспекција, несоодветно ги применила членовите: чл.2, чл.5 (1, 2, 8, 9), чл 16, чл.17 (2), чл.19 (4) и член 24.
Стево Крстевски и Фатон Ахмети, според Комисијата во критичниот период и двајцата како директори на Фондот за здравствено осигурување нецолосно ги примениле законските одредби кои се однесуваат на нивните контролни надлежности кон јавните здравствени установи. По однос на Законот за здравственото осигурување ова се однесува конкретно на член 9, член 54 (12, 13), член 68 (2) и член 71. Исто така, не ги примениле соодветно прописите од Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување, и тоа конкретно член 1, член 6 и член 7, се наведува во заклучоците утврдени од Анекетната комсија на кои денеска реагираа членовите од СДСМ и ДУИ.