Дел од министрите на самитот на ОБСЕ, ја напуштија конференциската сала кога почна говорот на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.
Во знак на бојкот, тие излегоа од салата, додека зборуваше рускиот министер.
Лавров го почна говорот со обвинувања кон земјите од НАТО и ЕУ, посочувајќи дека ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ. Тој нагласи дека Организацијата е во лоша состојба и дека била уништена уште во 1999 година.
Toj рече дека сегашната ситуација е директна последица на обидите на западните земји да ја обезбедат својата доминација преку „бесрамното користење на ОБСЕ за агресивно туркање на тесни себични интереси и намерно уништување на основниот принцип на консензус и самата култура на дипломатијата“, рече тој.
„Секој непристрасен човек разбира дека е важно прашањата за европската безбедност да се решаваат сериозно и искрено. Сепак, западната престолнина е завидно опседната со шансите на ОБСЕ за заживување. Тие веќе создадоа европска политичка заедница без Русија и без Белорусија. Така, на нашиот континент се исцртува уште една линија на поделба, уништувајќи го просторот на ОБСЕ“, рече Лавров.
Претходно, некои министри го откажаа своето присуство на самитот, поради Лавров и руската инвазија на Украина. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, како и шефовите на дипломатиите на ЕУ и Биртанија, Жозеп Борел и Дејвид Камерон, заминаа пред да пристигне рускиот шеф на дипломатијата.