Ќе има казни за сите работодавачи што не исплаќаат минимална плата

Министерството и Државниот инспекторат за труд ќе излезат на терен и ќе бидат санкционирани сите оние работодавачи кои не ја исполнуваат законската регулатива и не ги почитуваат работничките права, особено законскиот износ за исплата на минималната плата, најави денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Во изминатите две години имаме унапредување на правата на работниците и унапреден социјален дијалог и една од земјите сме каде што функционира социјалниот дијалог.

Според неа, крајна намера е правата и социјалниот дијалог и понатаму да се унапредуваат, за да се обезбедат пристојни плати за секој вработен, како и подобар квалитет на живот и социјална заштита.

Advertisements

-Се радувам на иницијативата на ССМ заедно со професорите Поповски и Тевдовски во изработката на една нова методологија за синдикална минимална кошничка и ќе претставува основа за идните политики. Оваа методологија ќе ни помогне да ги анализираме вистинските потреби на семејствата, олеснувајќи го формулирањето на политики кои што промовираат економски раст и ќе ја намалат сиромаштијата, изјави министерката на конференцијата за презентација на новата методологија на синдикалната минимална кошница.