Македонските контролори на летање со месеци предупредуваа на хаосот предизвикан од раководството на М-НАВ, акционерско друштво во државна сопственост, на лошите услови за работa и наместени огласи, но немаше кој да ги слушне тие предупредувања и апели.
Владата, откако се случи упад и насилство во инситуцијата најави дека на наредната седница ќе биде предложена и донесена одлука за разрешување на целото раководство како и на сите членови на Управниот одбор на М-НАВ.
Претседателот на синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски уште во октомври лани заедно со неговите колеги бараа да запре непрофесионалното однесување на директорите во однос на процесите за вработувања, внатрешни прераспоредувања, услови за работа и опрема која треба да се имплементира за да се модернизира системот за работа.
На неповолните состојби, како што тогаш открија вработените, укажувале долго време, а го информирале и Министерството за транспорт.
На наредната владина седница, која е закажана за вторник, 9 јануари, покрај одлуката за разрешување на актуелната раководна постава на М-НАВ, се очекува да биде донесена одлука за отворање итна постапка за избор на нови членови на раководството и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.
Иницијативата за ваквите одлуки, e на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министрите за одбрана и за транспорт и врски Славјанка Петровска и Благој Бочварски.