(ВИДЕО) Друже Јовче уживај наредни сто дена, ко че се вратиш со полни џебој….!- Апасиев му честита на новиот спикер Митрески

Лидерот на Левица Димитар Апасиев на собраниската седница за избор на новиот спикер Јован Митрески  му честиташе на струшки дијалект:

„Друже, Јовче. Златна рипка да фатеше во езероно, немаше да ти текнит дека некоаш во животот че беше спикер на парламентот. Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат. Ко че се вратиш в Струга со празно CV, а полни џебој, рипката не му ја давај на шерифон Мерко од ДУИ зш е на црна листа во Америка. Пушти ја во езероно нек ја фатит вмроецон Пецак од Охрид, него че му требит зш многу местит тендери. То е брат, шибај и све нај нај, ич да не ти чует”, рече Апасиев.