Хил: Правдата и одговорноста за убијците на Славко Чурувија се недостижни 25 години

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил вечерва изјави дека е обесхрабрувачки што правдата и одговорноста за убијците на новинарот Славко Чурувија се недостижни и 25 години по тоа злосторство.

Обесхрабрувачки е што правдата и одговорноста за убијците на Славко Чурувија се недофатливи и 25 години по неговото убиство. Тажен ден за новинарството“, напиша Хил на социјалната мрежа Х, пренесе Бета.

Апелацискиот суд во Белград денеска ја објави пресудата со која се ослободија четворицата поранешни припадници на Службата за државна безбедност на Србија, обвинети за убиството на Чурувија на 11 април 1999 година, со која беше укината првостепената пресуда на Вишиот суд во Белград.

Advertisements