Претседателот на ЗНАМ-За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во изјава за Сител на прашањето со кого би коалицирале по парламентарните избори и дали СДСМ чиј поранешен член е, нивниот приороден коалиционен партнер, вели дека по убедување е левичар, а ќе коалицираат со оние политички субјекти со кои прво на маса ќе ги дефинираат државните национални интереси.
-Ние нема да коалицираме со тие кои досега и правеа штета на Македонија, особено поединци кои заради лукративни интерси продадоа се. Такви има и во редовите на СДСМ и во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Многу побитно е да се најде принципиелен партнер со кој ќе се гради иднината на оваа држава, вели Димитриевски.
Запрашан дали изборот на Горан Минчев за генерален секретар на партијата и шеф на Изборниот штаб е сигнал дека е близок со поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, Димитриевски вели го почитува.
-Не, јас мислам дека Црвенковски се уште ми ја нема потпишано поддршката за кандидатурата. Имам многу пати кажано – го почитувам него и другите претседатели. Горан Минчев е мој стар соработник со кого многу пати сум имал и различни ставови, но тука имаме и многу нови имиња како што е потпретседателот на партијата Павле Арсовски пензиониран генерал мајор, Весна Бендевска поранешен пратеник, др. Јасмин Циривири…, вели Димитриевски упаувајќи апел до граѓаните да ја дадат поддршката за неговата кандидатура за претседател на државата.