Државната изборна комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање. Согласно чл.22 од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен. Сите документи (лични карти, пасоши) служат само за идентификација на личноста а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, вели поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.
Според него, личните карти и пасошите (наспроти измените на законите) каде рокот за важење е утврден подолго од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.
Вељановски вели дека во 1998 година тогашната Државна изборна комисија донела правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот.