Почина еден од најуспешните бизнисмени во Македонија

Почина Славе Сирачевски, сопственикот на туристичката агенција Аурора Турс, на угостителски објект на езерото Козјак и на еден од најубавите хотелски ресорти во Македонија, Аурора Берово.

Тажната вест на фејсбук ја објави поранешниот директор на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски.

„Македонскиот туристички сектор загуби еден од креаторите и визионерите на македонскиот туризам. Славе Сирачевски со Аурора Турс и уникатните концепти на Хотел Аурора Берово и Аурора Козјак успеа да докаже дека вложувањата за рурален туризам е голема можност во Македонија и пример за регионот! Во мое лично име изразувам сочуство на семејството! Благодарам Славе за многуте совети кои ги сподели со мене и помогна во мојот кариерен развој и развојот на македонскиот туристички сектор. Почивај во мир Славе“, напиша Јаневски.

Advertisements

Сирачески за својот придонес во македонскиот туризам во 2022 година по повод 27 септеври- Светскиот ден на туризмот од Министерството за економија доби признание за животно дело во оваа област.