Стабилност, извесна иднина и напредок во државата, е дел од новата програма на СДСМ. Никој не веруваше дека платите може толку да растат, а сега просечната плата е 650 евра. Значи тоа не се празни ветувања. Во новиот мандат, во програмата на СДСМ, граѓаните може да очекуваат просечна плата од над 1000 вера, додека пак минималната ќе биде 600 евра. Со паметни политики тоа е остварливо. Ние се надминавме и во овој мандат, со просечна плата, за разлика од времето на ДПМНЕ, кога плата беше едвај 360 евра, раче портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во утринската емисија на Слободен печат.
-Во изминатиов период ние поминавме и енергетска и здравствена криза. Се набавуваа вакцини, требаше да се менаџира ковид кризата, потоа енергетската криза. Ама, граѓаните, сега кога ги добиваат сметките гледаат дека струјата се субвенционира. ДПМНЕ со лаги ги плашеше граѓаните дека ќе немало струја, дека рафтовите за храна ќе биле празни, ама ништо од тоа не се случи“, рече Кузеска.
Таа потенцираше дека ДПМНЕ никогаш не биле чесни кон граѓаните и дека кај нив е се евтин популизам. Не даваат отчет ниту пред граѓаните, ниту пак меѓу членовите кај нив и не кажуваат како планираат да ја водат државата.
„За пензиите велат, ќе ги качиме за 5 илјади денари, за после да речат може по 500 денари на месец, а може и по 1000 денари, ама прво да видиме како ќе ни дозволи буџетот. Нека кажат како планираат тоа да го направат. Па видете колку е паушална нивната програма кога зборуваат за здравството, требало да се направат услови, да се качат платите и да се задржат младите, ама никаде не кажуваат како планираат да го направат тоа, која е формулата и решението да стигнат до тоа“, рече Кузеска.