Уставен суд одлучи да не се пишува националност во изводите, иницијативата ја покрена Левица

Графата „националност“ се брише од изводите во матичната книга на родени. Ваква одлука денеска донесе Уставниот суд.

Претходно кон крајот на минатата година, со времена мерка го укина издавањето изводи со графа „националност“, а со денешната одлука целосно ја укина оваа графа.

Впишување националност го воведе министерот за правда Кренар Лога кој во мај минатата година објави упатство за матичните служби врз основа на Закон од 1995 година кој беше оспорен од партијата Левица. Летоска Уставниот суд времено ја стопираше примената на упатството на Лога, но немаше мнозинство за да ја донесе одлуката.

Advertisements

Во образложението на судот се наведува дека изјаснување за национална припадност не е должност, туку можност со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, што за судот е сомнеж дека е спротивно на Уставот за слободно изразување..