Алијанса за Албанците: Кому му пречи директорот Халит Ферати? – конференцијата на синдикатот е апсурдна

Конференцијата на независниот синдикат на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) е апсурдна, уникатен случај кој јасно покажува кому и зошто му пречи директорот на Инспекторатот Халит Ферати, реагира Алијанса за Албанците на денешната прес конференција на Синдикатот на ДПИ.

„Председателот на синдикатот, Јован Ѓорѓиевски, поранешен градоначалник на општина Сопиште, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која организираше протести против албанското образование во Чашка и против директорот Халит Ферати, денеска бара негово разрешување. Синдикатот е регистриран и на адреса на општина Сопиште, што е преседан за синдикално организирање, кое исто така треба да се залага за правата на вработените, а не за именување директор и политички прашања како што слушнавме на конференција.
Сето ова докажува дека на првиот човек на овој синдикат и на неговите соработници им пречи тоа што за првпат повторно заживеа Државниот просветен инспекторат кој со години не се слушаше. Нив им пречи имплементацијата на албанскиот јазик, вработувањето и унапредувањето на Албанците во инспекторатот и образованието, отворањето албански паралели низ државата, особено во населените места каде што со години не функционираат. За сето ова да не биде доволно, се сеќаваме дека Ѓорѓиевски и некои негови соработници добиле кривични пријави за нивната работа“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.