ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски се кумови на непотизмот, неговата сопруга доби државно земјиште за фотоволтаици

СДС и Ковачевски се кумови на непотизмот. На седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен. Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.

– Партијата која произвела таков непотизам треба да се сокрие и да се срами од народот, кој со години со ограбува. Исто времено добро би било да одговорат како ВМРО-ДПМНЕ фатило врски за вработување на една од посочените во училиштето Кочо Рацин во општина Центар во Скопје, кое е под надлежност на Горан Герасимовски од СДС? Дали Ковачевски, Кузеска или некој од СДС му се јавиле на Герасимовски и прашале како тој лобирал една од посочените на прес-конференцијата на СДС за непотизам во Охрид да биде вработена во институција со која тој раководи? Дали СДС знае што зборува или можеби станува збор за некаков внатрешен судир и пресметка? Навистина е жално што СДС и на празникот Прочка решија да ги сквернават чувствата на граѓаните и да шират лаги и да манипулираат. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме – велат од ВМРО-ДПМНЕ.