Граѓаните во АРМ имаат најголема доверба – армиска опрема и вештини прикажани во Тетово

На градскиот плоштад во Тетово се одржа Отворен ден на Армијата по повод четвртата годишнина од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата се одржа на плоштадот во Тетово.

Македонската армија претстави дел од својата опрема и од вештините на специјалните сили, а настап имаше и воениот оркестар.

 

-Преку ваквиот тип на активности сакаме Армијата да ја приближиме до граѓаните кај кои ужива голема доверба и тоа ме радува. Сакаме да им покажеме на граѓаните што е она во што инвестираме и како ние ја гарантираме нивната безбедност и стабилност, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска која присуствуваше на настанот со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Advertisements

Членството во НАТО, вели Петровска, е исклучително важна стратешка цел која ја достигнавме и на која, како што истакна сме горди.

– Преку овие отворени денови на Армијата граѓаните кои имаат и најголема доверба токму во Армијата можат одблизу да се запознаат со нејзината опрема и армиските припадници, рече министерката Петровска.